Над 24.000 нови хрватски „гастарбајтери“ во Германија

 

Од влезот на Хрватска во ЕУ во јули 2013 година, дозволи за работа во Германија добиле околу 24.000 хрватски работници.

Како што соопшти Хрватскиот економски сојуз во Германија (КВВД), во првите шест месеци по примеот на Хрватска во ЕУ во германските фабрики работа добиле околу 6.000 хрватски работници, а во периодот јануари-окотмври 2014 година, нивната бројка се зголемила за уште над 18.000. 

За работниците од Хрватска, кои сега работат во Германија се применуваат преодните одредби од договорот за слободно движење на работната сила, кои важат две години по зачленувањето на една држава во ЕУ, се наведува во соопштението на КВВД.

 

 

Оцени ја веста

22.12.2014 - 17:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега