Шок за мајка: Си го препознала синот на фотографија од ИСИС, таткото го одвел на џихад

Кубанката Лидија Сорано чии поранашен сопруг, босански џихадист, загина борејќи се за ИСИС, се шокирала кога на фотографија на интерент го препознала својот 3-годишен син фотографиран на боиште во Сирија.

Лидија која по стапувањето во брак со сега поранешниот сопруг Исмар Мешиновиќ, живеела во БиХ и повеќе од една година води битка да си го врати детето дома.

Несреќната жена не знаела што се случува со нејзиниот син, откако таткото без нејзино знаење го однел во Сирија. Сега го видела на фотографија со постар маж и со пушка во рака пред логор на ИСИС.

Лидија последен пат го видела своето синче пред повеќе од една година, кога неговиот татко наводно го земал и го одел на гости кај неговите родители.

- Го носам на неколку дена кај моите родители, не грижи се, и рекол поранешниот сопруг пред да го земе детето, и заедно да им се придружат на џихадистите.

Таткото на детенцето починал на 4.јануари годинава во борба со сириската армија. Италијанската полиција, каде што сега живее Лидија, посочила дека постариот човек кој на фотографијата го води малото дете за рака е државјанин на БиХ со иницијали С.Ч.

 

 

Оцени ја веста

22.12.2014 - 16:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега