Џејкобсон: Не се мешав во коалицискиот договор за косовската Влада
Амбасадорката на САД во Приштина, Трејси Ен Џејкобсон изјави дека не се мешала во коалицискиот договор постигнат меѓу Демократскиот сојуз на Косово и Демократската партија на Косово.
Џејкобсон во интервју за приштинскиот весник „Зери“ истакна дека била само набљудувач, негирајќи дека била против Самоопределување да биде дел од косовската Влада.
- Никогаш не кажав дека Самоопределување не треба да биде дело од Владата на Косово. Луѓето повремено ми препишуваат такви работи, но тоа апсолутно не е вистина, посочи Џејкобсон.
Таа наведе и дека јавниот сектор во Косово е најкорумпиран и оти треба да се делегираат кредибилни луѓе.
Американската амбасадорка за истакна и дека во 2014 година верскиот екстремизам во земјата бил во центарот на вниманието и оти ќе има примат и идната година.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа