„Те убија сине мој“ - Скршен од болка таткото на загинатото момче

-Те убија, сине мој - извикуваше низ солзи таткото Иштван Лакатуш, а потоа скокна по ковчегот на неговиот син Ервин Билички (17), кој беше погребан на градските гробишта во Бечеј.
 
На погребот на градските католички гробишта присуствуваа повеќе од илјада лица, Како што дознава „Блиц", полицијата истражува кој го нападнал Билички и го претепал до смрт во саботата вечерта после полноќ.
 
Според првичните информации, момчето го претепале роднини на девојката со кое момчето било во врска. Засега во полициската истрага нема податоци дека момчето е претепано поради национална основа.
 
Таткото на Ервин изјави дека ако убијците ги најде пред полицијата, ќе им пресуди со сопствени раце, а потоа и на себе.
 
- Тоа им го кажав и на инспекторите. Се сомневам дека го убиле членови на едно проблематично семејство од Бачко Петрово Село, кои се занимаваат со криминал. Можеби и грешам, но тоа ми го кажува родителскиот инстинкт, изјавил 36-годишниот Иштван Лакатош
Родителите, скршени од тага, рекле дека момчето било изобличено од повреди.
 
-Во јуни требаше да наполни 18 години. Наместо да го жениме за некоја година, го погребуваме. Штом го направам тоа, тргнувам во акција. Ќе ги најдам убијците пред полицијата, се заканил таткото.
 
Иштван тврди дека син му бил претепан пред две години кога добил потрес на мозокот, за што имало сведоци, но никој не одговарал за нападот.
 

 

Оцени ја веста

20.12.2014 - 10:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега