Работодавците ќе исплаќаат божиќна плата од 14.000 денари на ској вработен во Хрватска

Истражување на хрватскиот портал МојПосао на повеќе од 300 испитаници покажува дека оваа година половина од испитаниците очекува да добие божиќна плата, при што сметаат дека адекватната сума во просек би требало да изнесува 1.769 куни, односно 230 евра (околу 14.000 денари)

 Малку повеќе од половината испитаници, или 57 отсто сметаат дека божиќната плата е работа на добра волја на работодавците и дека се исплатува во склад со деловните резултати. Спротивно мислење имаат 43 отсто испитаници кои таа плата ја сметаат за свое право и му забележуваат на работодавецот ако не им ја исплати.  Од 50 отсто испитаници кои очекуваат божиќна плата, 92 отсто очекуваат пари во просечен износ од 1.358 куни, што е 195 куни помалку од минатата година..  Испитаниците, меѓутоа, сметаат дека адекватната божиќна плата во просек би требало да изнесува 1.769 куни, односно 250 евра што е за 30 отсто над платата што ја очекуваат..  Подарок бон очекуваат 27 отсто од испитаниците и тоа во просечен износ од 963 куни, односно 125 евра, додека подарок пакети очекуваат 12 отсто од испитаниците.

 

Божиќна плата најмногу очекуваат испитаниците вработени во приватни фирми во домашна сопственост (69 отсто), а потоа вработените во приватни фирми во странска сопственост  (55 отсто). Најмалку ја очекуваат вработените во домашните институции (19 отсто) и во државните фрими.(31 отсто).  Лани божиќна плата добиле 44 отсот од испитаниците во просечна висина од 1.399 куни. Отприлика една третина добиле бон за пазарење во просечна вредност од 1.226 куни, а подарок пакети добиле 15 отсто, најчесто со прехранбени производи на фирмата во вредност од 514 куни. 

 

 

Оцени ја веста

19.12.2014 - 21:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега