Десетмина етнички Срби осудени на 139 години затвор за воените злосторства во Хрватска

 

 

Хрватски суд денеска  за виновни прогласи десетмина етнички Срби за сторени воени злосторства врз цивили и воени заробеници во хрватското село Терпина во 1991 година и во прва инстанца ги осуди на вкупно 139 години затвор, пренесе Танјуг.

Десетмината Срби бае обвинети дека како членови на паравоени српски формации, од септември до крајот на ноември 1991 година, наредиле и учествувале во незаконското лишување од слобода, малтретирањето и убиствата на цивили Хрвати и заробени хрватски војници.

Тие се осудени за убиството на вкупно 72 цивили и воени заробеници во реонот на Терпина.

Двајца од обвинетите добиле казни од 20 години затвор, петмина по 14 години, двајца по 12 години и еден пет години затвор.

Сите обвинети во овој судски случај се уапсени во јули минатата година, со исклучок на еден, кој беше приведен во февруари годинава.

 

 

Оцени ја веста

19.12.2014 - 15:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега