ССК: Повеќе пракса за студентите за полесно да се вработуваат

Компаниите бараат во високото образование покрај теоријата да се воведе и пракса, односно студентите да се стекнат со поголеми практични искуства за да може полесно да се снаоѓаат при вработувањето. 

- Многу често компаниите се соочуваат со дополнителен трошок за доедукација на кадарот кој планираат да го вработат, а сметаме дека тоа треба да биде задача на образовниот систем. Така квалификуваниот кадар со адекватно знаење и вештини ќе биде поконкурентен на пазарот на труд, побрзо ќе најде работа, повеќе ќе биде платен, а работодавачот ќе биде поттикнат дополнително да го мотивира за да го задржи во својата компанија, изјави денеска извршниот директор на Сојузот на стопански комори Митко Алексов.

Тој додаде дека како компании се подготвени да дадат свој придонес во практичниот дел. 

 

 

Оцени ја веста

19.12.2014 - 13:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега