Тачи: Могерини треба да биде вклучена во дијалогот

 

Косовскиот министер за надворешни работи Хашим Тачи изјави дека високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност Федерика Морегини треба да биде вклучена во дијалогот меѓу Белград и Приштина, со цел разговорите да бидат успешни. 

- Јас сфаќам дека Могерини има мошне зафатена агенда, но Балканот треба да биде еден од приоритетите на ЕУ. Ако сакаме да имаме успех, Могерини треба да биде присутна на состаноците. Таа треба да биде на чело на разговорот, рече Тачи во интервју за „Волстрит журнал“. 

Тачи изјави дека не е носталгичен кон југословенскиот комунистички лидер Јосип Броз Тито, но оти во негово време Албанците слободно се движеле и можеле да патуваат без визи. 

Тој изрази незадоволство поради тоа што не е либерализиран визниот режим за граѓаните на Косово.

 

 

Оцени ја веста

19.12.2014 - 10:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега