БиХ ги зајакна мерките за безбедност поради можни терористички напади

Полициските агенции во Босна и Херцеговина ги засилија мерките за безбедност поради информации дека државата како членка на глобалната коалиција против терористичката организација Исламска држава, може да биде цел на терористички напади.

За заштита на органите на власт на државно ниво како и дипломатски претставништва во БиХ задолжена е Управата за координација на полициски тела.

Шефот на Управата, Мирсад Вилиќ потврди дека се преземаат засилени мерки за заштита.

- Врз основа на наши проценки засилено е нивото на обезбедување за дипломати и амабсади што ги обезбедуваме, изјави тој за „Дневни аваз“.

Директорот на Управата за полиција во МВР на Федерацијата БиХ, Драган Лукач исто така потврди дека се засилени мерките за заштита на различни институции.

Според нивни проценки, околу 150 луѓе од БиХ се во Сирија и Ирак каде се борат на страната на радикалните исламистички групи.

Проценките се дека тие би можеле да бидат закана откако би се вратиле во државата.

 

 

Оцени ја веста

18.12.2014 - 12:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега