Се отвори македонската фолкерка: Од сега само минич - ми здосади да бидам домаќинка

Фолк-пејачката Тања Јовановска-Трајкова важи за скромна, особено кога станува збор за гардеробата и на своите настапи ретко се појавува во куси фустанчиња. Таа вели дека ваквиот имиџ на добра домаќинка и` дошол преку глава и дека во новата година ќе зачекори многу поинаква.

- "Преку глава ми е веќе да ме сметаат за домаќинка. Точно, јас сум сопруга и мајка, но покрај тоа сум и пејачка, а сцената не трпи таков имиџ. Освен тоа, ми беше важно кој што ќе каже и да внимавам да не ме озборуваат. Но, животот ме научи на многу други нешта. Дека не е важно кој што ќе каже, туку дека е поважно како се чувствувам јас. А време е да се чувствувам поинаку од она што ќе го каже околината", вели Тања за Вест.

Ќе почнам со голотија, но не вулгарно, туку како што личи. Време е да ја оставам домаќинката дома да седи, а пејачката да ја пуштам на слобода, додава таа.

 

 

Оцени ја веста

17.12.2014 - 13:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега