Шекеринска: Јанкулоска дозволи окупација на Општина Центар
Според Радмила Шекеринска, Груевски и неговите соработници сакаат присилно да ја земат општина Центар, откако, како што вели, на избори не успеаја да ги уверат граѓаните да гласаат за нив
-Оние кои ја нагрдија општина Центар, оние кои печалат од огромни бизнис зделки со урбаната мафија, сега сакааат да ги злоупотребат и власта и полицијата и верските чувства. Срамота е! Срамота е да се носат луѓе од администрација како контигенти за да опседнуваат! Најсрамно е однесувањето на министерот за внатрешни работи и инструкциите да не се штитат граѓаните, ниту нивните интереси, туку да се дозволи окупација. Мислам дека на општина Центар и се случува она што се случуваше во вториот и третиот круг од локалните избори, вели Шеќеринска за „Телма“.
Рекацијата на Шеќеринска следи само три дена откако ВМРО-ДПМНЕ апелираше за соработка и политичка култура. Таа смета дека високото раководство на ВМРО-ДПМНЕ почнало да ја оцрнува опозицијата, посочувајќи го говорот на премиерот Груевски на годишнината на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.
-Не е спорен речникот, ние не ни очекуваме друго освен критика на опозицијата, туку ниското ниво на комуникација. Ниезнаеме кој го употребува терминот стари муштерии! Тоа е навреда за Македонија, за политичката култура и за сите македонски граѓани. Тоа говори за нервозата на ВМРО-ДПМНЕ, сега немаат со што да се фалат, па тргнаа да навредуваат, оцрнуваат и плукаат, вели Шеќеринска за Телма.
ФОТО: Канал 5