Шешељ сакал да создаде "Голема Србија" во која ќе влезе и српска Македонија
Денеска поранешниот лидер на Српската радикална партија Восилав Шешељ потврди дека сакал да создаде Голема Србија во чиј состав ќе влезат и „српска Босна, српска Херцеговина, српска Македонија, српска Црна Гора“ и дел од Хрватска,пренесе „Макфакс.
- Тоа беше и остана моја генерална цел, но не беше генерална цел на Србија и српското раководство. Тоа е цел на Српската радикална партија, но не и на други партии, изјави Шешељ.
Тој додаде и дека во таа негова Голема Србија не би имало национални малцинства, туку национално единство и слога меѓу православните Србија, католиците Срби, муслиманите Срби и атеистите Срби“.
- Јас и денес мислам дека Дрина е река која минува во срцето на Србија. Границата на неа е вештачка и не може да опстане. Никој не може трајно да го подели српскиот народ , рече Шешељ.