Корисен совет: Избелете ги забите со природни намирници

Веќе на сите ни е добро познато дека бројни намирници кои ги јадеме и пиеме ни ги потемнуваат забите, но исто така можете лесно да ги избелите со помош на природни намирници.

Наместо да трошите пари за избелување на забите кај вашиот стоматолог, пробајте некоја од следните намирници и ќе имате одличен резултат.

Јагоди – тие содржат киселина која е толку силна што е во состојба да ги отстрани сите грди наслаги на забите.

Сода бикарбона - добро е барем повремено да ги измиете заби со сода бикарбона, со тоа што ќе ставите малку на четката за заби. Таа не само што ќе ви ги избели забите, туку и ќе ги отстраните непотребните наслаги.

Јаболко - високата количина на вода во јаболкото ги отстранува и неутрализира бактериите во усната шуплина.

Портокали – ова овошје содржи киселина која ги избелува забите, но само доколку се консумира во поголема количина. Секако не е препорачливо да јадете тони портокали, само за да ги избелите забите, но повремено треба да го консумирате ова витаминско овошје.

Јаткасти плодови - џвакањето ореви,бадеми, лешници и разни семки ги отстрануваат сите дамки од површината на забите. 

Курир

 

 

Оцени ја веста

14.12.2014 - 12:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега