Како Западот ја намалува бременоста кај тинејџерите?

Тинејџерската бременост е проблем со кој развиенти западни држави се борат со децении – и понекогаш не забележуваат дека прават голем прогрес.

- Ова е приказна за крајна неодговорност. Околу една третина од американските девојки забременуваат како тинејџерки, неодамна напиша колумнистот Николас Кристоф во „Њујорк Тајмс“.

Бројката изгледа шокантно. А пред осум години таа беше точна.

Во 2006, постоеше голем ризик тинејџерките да забременат еднаш во животот на возраст меѓу 13-та и 19-та година. Ова беше пресметано од Националната кампања за спречување на тинејџерската и непланираната бременост, непрофитна организација која користи дати на раѓање и абортуси и го проценува бројот на прекинати бремености.

Но, кога истата формула ќе се искористи со најновите бројки од 2010 година, таа покажува дека бројот на америкаснки тинејџерки кои забремениле денес е помал, што се должи на промените кои се случуваат во изминатите две децении.

Бил Алберт, главен програмски координатор во Националната кампања, вели дека бременоста кај тинејџерките и стапката на породувања во САД се во опаѓање „речиси без прекин“ веќе 20 години, откако го достигнале врвот во 90-те години на минатиот век.

Таа е во опаѓање кај сите расни и етнички групи во сите 50 американски сојузни држави.

Тој го опишува ова како „највистинската успешна американска приказна во изминатите две децении“.

Всушност, прелиминарните податоци за стапката на бременост кај тинејџерки во 2013 година покажуваат дека од 2010 наваму има дополнителен пад од 22 проценти на стапката на породувања помеѓу 15-та и 19-та година.

Иако податоците за абортусите се уште не се достапни, Алберт смета дека стапката на бременост кај тинејџерките опаднала од нивото во 2010 година. Можеби помалку од една третина од американските девојки тинејџерки сега еднаш во живото забременуваат.

- Знаеме дека во САД се случуваат три нешта – стапката на бременост кај тинејџерките опаѓа, стапката на абортуси кај тинејџерките исто така опаѓа, и стапката на породувања на тинејџерките опаѓа, вели Алберт.

Зошто?

- Тинејџерската бременост опаѓа заради едно од две нешта – или тинејџерите се помалку сексуално активни или оние кои се сесуално активни користат контрацептивни средства и подобро ги користат, вели Хедер Бунстра од Институтот Гутмаер, невладина организација која го истражува сексуалното и репродуктивното здравје.

- Она што го откривме истражувајќи ги само овие две однесувања, е дека се повеќе се работи на подобрата употреба на контрацепција. Но, причината зошто луѓето подобро ја користат контрацепцијата се уште не е јасна, вели Бунстра.

Причините кои таа ги наведува вклучуваат поголема свесност за користењето на кондомите по кризата со СИДА-та, потоа менувањето на нормите за возраста во која луѓето во развиените земји влегуваат во бракови и имањето деца (што ја намалува стапката на планирани забременувања), и интернетот кој информациите ги прави подостапни.

Кога станува збор за влијанието на сексуалното образование во училишата, Бунстра вели дека иако има докази дека тоа помага се повеќе тинејџери да користат контрацепција и го намалува бројот на партнерите, со тоа сепак не се објаснува падот за тинејџерската бременост во целина.

- Ова опаѓање се случува во сите 50 држави и тука во САД различни држави и различни области имаат различни политики за нивните програми за сексуално образование, и иако програмите се важни, сепак има многу други нешта се случуваат па затоа гледаме варијации низ земјата, вели таа.

Постојат контрадикторни истражувања дали телевизиските реални шоуа, како што се „16 и бремена“ на Ем-Ти-Ви помагаат во спречувањето на тинејџерската бременост или пак ја зголемува.

Иако тинејџерската бременост во САД е сега на историски најниско ниво, сепак американски тинејџери многу почесто имаат бебиња отколку нивините врсници во другите држави во западна Европа, потенцира Кристоф.

И Бунстра и Алберт велат дека има различни причини за повисока стапка на породувања кај тинејџерките во САД, меѓу кои се послаб пристап до контрацепција, американскиот расен и етнички состав, нормите околу најдоброто време да се започне семејство, и преодот кон сексуални образовни програми за апстиненција од сексот.

Намалувањето на бројот на тинејџери кои имаат деца не е само карактеристичен за САД, вели проф. Роџер Онгам од Универзитетот во Саутемптон.

- Во повеќето држави во западна Европа стапките постојано опаѓаат во изминатите неколку години, вели тој. Стапката на бременост кај тинејџерки во Велика Британија е највисока во Западна Европа, па оттука може да се објасни и зошто таа во оваа земја се намалила повеќе отколку каде било на друго место.

Ингам, кој 12 годни ја советува британската Влада за стратегијата за намалување на бременоста кај тинејџерките, вели дека опаѓањето не е заради тоа што тинејџерите имаат помалку секс. Како и во САД, подобрувањето излегува дека е поврзано со пораширената употреба на контрацепција, за кое Ингам вели дека е заради подоброто сексуално образование во училиштата.

Кога станува збор за влијаието на абортуси на стапката на породувања, тој вели дека постои мешана слика во земјите каде постојат подобрени податоци.

Холандија има ниска стапка на абортуси меѓу тинејџерките и ниска стапка на користење на контрацепција, вели Ингам, додека Шведска има слична стапка на породувања, но повисока стапка на употреба на контрацепција – со други зборови, повисок број на бремености завршуваат со прекин.

Во Велика Британија, стапката на породувања оди надолу побрзо отколку стапката на контрацепција, заради повисокиот однос на оние кои се бремени и кои избираат да абортираат отколку во претходната година.

 

 

Оцени ја веста

14.12.2014 - 11:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега