Трагедија во Србија: 66- годишен монструм брутално убил тинејџерка

Шеесет и шест годишен старец е уапсен под сомневање дека усмртил 18-годишна девојка, која пред три дена исчезна од Домот во Зајечар.

Девојката била брутално убиена, а нејзиното тело било пронајдено вчеравечер во доцните часови. Полицијата привела неколку осомничени на распит поради изчезнувањето на девојчето, а на распитот како главен осомничен за киднапирањето и убиството бил поврзан 66-годишниот старец.

Според неофицијални информации во автомобилот на старецот бил пронајден дел од коса, за кои се претпоставуваа дека се од несреќното девојче. Исти траги биле пронајдени и на местото, каде полицијата се сомнева дека било извршено убиството.

Косата веднаш е испратена за ДНК анализа. Девојакта од домот изчезнала на 8.декември, од кога и се губи секаква трага.

 

 

Оцени ја веста

11.12.2014 - 14:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега