Курц: Србија да го реши проблемот со Косово пред влегување во ЕУ

Министерот за надворешни работи на Австрија, Себастијан Курц, рече во интервју за НИН, дека пред влегување на Србија во ЕУ потребна е целосна нормализација на односите со Косово, што би било потврдено и со правно обврзувчки документ.

- Не е во интерес на Европската унија да ги прифати во полноправно членство членките кои се во конфликт со соседните земји, бидејќи тоа би значело „увоз“ на нестабилнсот. Затоа, пред влегување на Србија во ЕУ потребна е целосна нормализација на односите, што би се потврдило и со правно обврзувачки документ, а Брисел е подготвен да го помогне и да го олесни тој процес, рече Курц.

Шефот на австриската дипломатија не ја исклучува ниту можноста дека Србија во моментот кога ќе биде на дофат на членството, ќе мора да се огради од Русија и да ги усвои заедничките надворешно-политички ставови на Брисел. 

 

 

Оцени ја веста

11.12.2014 - 13:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега