Трагедија во Тетово: Паднал додека работел и починал

Во тетовската клиничка болница вчера бил донесен 60-годишниот М.Б. од Брвеницa со сериозни повреди што ги задобил од паѓање од објект во изградба селото. Несреќниот тетовчанец итно бил префрлен на скопските клиники, поради сериозните повреди, но за жал лекарите не можеле да направат ништо за да му го спасат животот.

-Работејќи на објектот, односно обидувајќи се со рачна макара да подигне пакети со керамички плочки, му се откачила макарата, загубил рамнотежа и паднал од височина од седум-осум метри. Од паѓањето, се повредил на главата, по што со возило бил пренесен во тетовската болница, информираат од полицијата.

Се превземаат мерки и активности за целосно расчистување и документирање на случајот.

 

 

Оцени ја веста

11.12.2014 - 11:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега