Му се превртел џипот па го нагмечиле дрва - нова трагедија ја потресе Македонија

Младо момче од Зајас го загуби животот во страотна сообраќајка на патот Гостивар-Симница. Дваесет и петгодишниот Н.Б. го загуби животот откако џипот кој го управувал, се превртел на локалниот пат, а потоа за жал го нагмечиле дрвата кои ги превезувал со возилото.

Несреќата се случила утрово околу 3 часот и 30 минути во близина на депонијата Сушички Мост. Тој од засега неутврдени причини изгубил контрола и се превртел.

По пријавувањето на несреќата, на терен излегле и пожарникари со чија помош било извлечено телото на возачот.

По извршениот увид, по наредба на јавен обвинител, телото на Н.Б. е дадено на обдукција. 

 

 

Оцени ја веста

11.12.2014 - 10:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега