"Сине мој не оди, како ќе живеам без тебе" - мајката на трагично загинатиот Михајло се прости од него

Пријателите и семејството на едно од младите момчиња кои во саботата настрадаа во страотна сообраќајка, му оддадоа последна почит. 24-годишниот Михајло Шариќ од Бегеч, Србија, беше испратен од повеќе од стотина луѓе кои се завиени во тага и болка.

- Мишо мој, сине мој...немој да си одиш од мене...Леле што ме снајде...славеше роденден, а потоа замина во смрт...Ова мајкиното срце не може да го издржи...низ солзи извикувала мајката на трагично настраданото момче.

Пријателите кои се испраќаа од Михајло велат дека не боли смртта туку она што останува потоа, а не останува ништо освен празнина.

- Беше мирно момче, сакаше музика и спорт...деца тргнете се од бесните автомобили...вели еден од неговите роднини скршен од болка.

Повеќе за несреќата прочитајте тука.

 

 

 

 

Оцени ја веста

11.12.2014 - 09:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега