Крадец опустошил погон во Виница - направена штета од 300.000 денари
Во Виница на местото наречено „Пекланска река“ непознат сторител извршил тешка кражба во погон „Пилана“ сопственост на ДООЕЛ „Бординг“ од Виница.
Разбојникот одзел четири електромотори и друг инвентар, со што направил материјална штета од околу 300.000 денари.
Полицијата работи на откривање на сторителот.