ЕУ очекува Белград да го продолжи дијалогот со Приштина

 

 

Европската унија и комесарот за соседска политика и преговори за проширување Јоханес Хан очекуваат Белград да го продолжи дијалогот со Приштина за да се обезбеди нормализација на односите, додека преговорите за поглавлето 35 треба да доведат до сеопфатна нормализација на односите, пишува „Политика“ пренесувајќи го одговорот од кабинетот на Хан.

Оттаму потсетуваат дека „преговорите за поглавјето 35 (кое се однесува на Косово) треба да доведат до сеопфатна нормализација на односите меѓу Србија и Косово во форма на правно обврзувачка спогодба која ќе следи на крајот од преговорите за пристапувањето на Србија кон ЕУ“, се наведува во одговорот што весникот го добил на прашањето дали тоа што Хан му го кажал на српскиот претседател кон крајот на ноември во Белград може да се толкува на начин како тоа во јавноста пред неколку дена го пренесе Томислав Николиќ - дека Србија ќе мора да избира меѓу ЕУ и Косово.

„Србија досега оствари значаен напредок и треба да продолжи со примената на сите спогодби, без одлагање на дијалогот, на конструктивен начин“, се наведува во одговорот и се упатува на тоа што им било кажано на новинарите по средбата меѓу Хан и Николиќ во Белград, наведува „Политика“.

 

 

Оцени ја веста

10.12.2014 - 09:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега