Дачиќ: Одлуката на МОК за Косово е неприфатлива

Република Србија најостро ја осудува денешната одлука за прием на националниот Олимписки комитет на Косово во полноправно членство на Меѓународниот олимписки комитет (МОК), изјави првиот потпретседател на српската Влада и министер за надворешни работи Ивица Дачиќ.

- Оваа одлука ја сметаме за неприфатлива и непринципиелна и сметаме дека овој чин е во спротивност со Олимписката повелба, се наведува во изјавата на Дачиќ.

Тој посети дека Олимписката повелба предвидува барањето за членство да биде поднесено од независна држава, призната во целина од страна на меѓународната заедница. 

- Со оваа одлука МОК ја прекршува својата досегашна пракса, според која за прием се бараше и членство во Обединетите нации. Овоj чин претставува злоупотреба и тенденциозна политизација на спортот, а МОК, како универзална организација посветена на развојот на спортот и напредување на разбирањето и пријателството, се стави во позиција на политички арбитер, смета Дачиќ.

Претходно денеска МОК на седница во Монако го прими националниот Олимписки комитет на Косово во полноправно членство, што значи дека косовските спортисти ќе можат да учествуваат на Олимписките игри во Рио де Женеиро во 2016 година. 

 

 

Оцени ја веста

09.12.2014 - 18:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега