Гостивар: Од банална расправија до крвав инцидент - пукал кон соселанецот за...

Во текот на вчерашниот ден во 17 часот во Полициската станица Гостивар, М.Ф. од Трново пријавил дека околу 14 часот во атарот на селото Трново, додека неговиот син З.Ф. ги пасел овците одспротива биле С.Ф. и Е.Ф. од истото село кои исто така напасувале овци. Во еден момент овчарските кучињата од двете страни почнале да се дават, при што З.Ф. им кажал на С.Ф.и Е.Ф. да ги повикаат нивните кучињата, на што тие почнале да го навредуваат и омаловажуваат. Истиот се јавил на татко му, му раскажал за настанот, по што дошол М.Ф. сакал да ги смири и разубеди, но С.Ф. почнал и него да го омаловажува со погрдни зборови, а потоа и го удрил со овчарски стап во пределот на главата, по што М.Ф. паднал на земја. Кога се освестил видел дека С.Ф. извадил пиштол и одалечувајќи се, испукал три пати во правец кон него, но не го погодил. 

 

 

Оцени ја веста

07.12.2014 - 15:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега