Што имаат заедничко Џастин Бибер и Аца Лукас?

Во светот на инстант вестите кои се пренесуваат со неверојатна брзина благодарение на социјалните мрежи, многу познати личности станаа жртви на лажни вести за својата смрт. 

Тинејџерската ѕвезда е погребувана неколку пати. Последната лажна смрт е исценирана пред неколку дена кога на Фејсбук се појавила страна „R.I.P Justin Bieber “на која било напишано дека тој починал и се молат неговите обожаватели да ја „лајкнат“ страната во знак на сеќавање. Милион луѓе стиснале „Лајк“, а следниот ден портпаролот на Џастин објавил дека тој не е мртов.

Фејсбук во јануари 2012 година беше преплавен од информации дека загинал Аца Лукас.

„Еве се враќам од сопствениот погреб. Одамна не зборуваа дека сум загинал или умрел, мислам дека има веќе една година. Јас имам 103 животи, што значи дека потрошив неколку и ќе живеам уште сто години“, изјави тогаш Аца Лукас.

 

 

Оцени ја веста

07.12.2014 - 14:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега