Една година од првата премиера на МНТ во новиот објект

 

Македонскиот народен театар денеска со целодневен театарски маратон ќе одбележи една година од работата во новиот објект и првата премиера на новата сцена. 

Маратонот ќе почне во 11 часот со претставата „Госпоѓа министерка“, по која ќе следуваат: „Сомнително лице“ во 14 часот, „Свадбата на Фигаро“ во 16 часот и „Изгубени Германци“ во 18 часот.

Од 18.30 ќе има поетска вечер посветена на Блаже Конески, првиот драматург во МНТ, а во 20.15 часот на Чај за двајца ќе гостува Јордан Плевнеш и ќе биде промовирано печатеното издание на неговата драма „Вечната куќа“  со која лани на 7 декември ансамблот на МНТ почна да работи во новиот објект. 

Централен настан ќе биде концертот „МНТ и пријателите“ од 21.30 часот, на кој ќе учествуваат актерите од ансамблот на МНТ и актери од другите театри. Влезниците за секоја претстава и за концертот се по 50 денари.

 

За една година во новата театарска зграда биле изведени повеќе од 150 претстави и ги посетиле 83.000 гледачи. Во првата година од работењето МНТ имаше пет премиери и беше домаќин на првиот Меѓународен театарски фестивал. 

МНТ ќе има и богата современа музејска поставка која во иднина ќе се дигитализира, а во подготовка е и специјална монографија која ќе излезе идната година кога театарот ќе одбележи 70 години постоење.

 

 

Оцени ја веста

07.12.2014 - 10:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега