Иванов ја поддржа кампањата против насилство врз жените: Борбата треба да трае 365 дена!
Претседателот Иванов ја поддржа кампањата против насилство врз жените.
- Ви се обраќам за јавно да ја поддржам акцијата „Обој го светот во портокалово за 16 дена“. Акција чија цел е да се сврти вниманието на целото наше општество за елиминирање на сите форми на насилство врз жените и девојчињата. Изминатава недела, портокаловата боја стана боја на солидарност и поддршка на правата на жените и девојчињата кои се неотуѓив дел од универзалните човекови права и правото на човечко достоинство.Жената е столб на семејството и нераздвоен дел од политичкиот, општествениот, економскиот и културниот живот во Република Македонија. Должни сме да го почитуваме и унапредуваме правото на жената да се образува, да го живее својот живот и да ги подига своите деца со љубов, сигурност и достоинство, вели Иванов.
Достојниот маж, сопруг и татко се бори против сите форми на дискриминација на жената, против неправдата, насилството и угнетеноста. Како Претседател, но и како сопруг, сакам да ги повикам младите и старите, мажите и жените, јавните личности и невладиниот сектор активно да се вклучат во кампањата која повикува за Стоп на насилството врз жената – СЕГА, додава тој
Активностите не застануваат на 16-тиот ден од кампањата туку продолжуваат. Борбата против насилството врз жената треба да трае 365 дена во годината.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа