Ставрески: Граѓаните да ја искористат шансата за откуп на дворните места

Голем дел од граѓаните веќе ја искористија можноста за откуп и приватизација на дворното место, а оние кои не го направиле тоа можат да поднесат барања до 15-ти овој месец до подрачните единици на Управата за имотно правни работи, по исклучително поволна цена од евро за метар квадратен. Тоа го изјави денеска вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.

Рокот, како што рече, беше продолжен со цел да им се излезе во пресрет на граѓаните кои  од  различни причини не успеале навреме да поднесат барање. - Во текот на оваа година  се поднесени 13.000 барања, така што голем дел од граѓаните веќе ја искористија можноста. Ако некој се уште не ја искористил апелирам да го направи тоа, бидејќи ќе нема дополнително пролонгирање на  рокот, рече Ставрески.

Според него, досега се поднесени над 250 илјади барања, а станува збор за успешен проект.

 

 

Оцени ја веста

05.12.2014 - 14:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега