Македонски и белгиски компании разменија искуства за управување со отпадот и водите

Министерот за животна средина и просторно планирање Абдилаќим Адеми на отворањето истакна дека семинарот е плод на досегашната билатерална соработка меѓу двете земји.

- Овој семинар, не само што ќе овозможи размена на искуство, туку очекувам да придонесе и за подигнување на свеста кај комуналните претпријатија кои делуваат во овој сектор и кај останатите претставници од бизнис заедницата, рече Адеми.

Белгиската амбасадорка во Македонија, Аник Ван Калстер посочи дека регионот Валонија успешно го свртела фокусот од сите поранешни индустррии кон воспоставувaње поуспешна и посеопфатна економија и оти се подготвени да ги споделат своите искуства со македонските компании.

- Регионот Валонија може да ви помогне како се создаваат зелени, односно еколошки работни места, нагласи Калстер.

 

најчитано сега