Година дена од смртта на Нелсон Мендела

 

 

Денеска се навршува година дена од смртта на нобеловецот Нелсон Мандела, легендарен борец за човекови права и поранешен претседател на Јужноафриканската Република.

Носителот на Нобелова награда за мир беше познат борец за правата на мнозинското црнечо населени во Јужна Африка.
Како студент во 1942 се приклучил на Африкански национален конгрес, организација која се борела против политиката на апартхејд на владеачкото бело малцинство.

 

Мандела е уапсен и осуден на доживотен затвор, но неговото затворање стана симбол на борбата против апартхејдот, а владата на Јужна Африка се најде под притисок на меѓународната заедница и беше приморана да го пушти на слобода во 1990.Со тогашниот претседател на земјата, Фредерик де Клерк започна преговори за мирно укинување на апартхејдот и поделба на власта со црното мнозинство. За овие напори Мандела и де Клерк во 1993 добија Нобелова награда за мир.

 

 

 

Оцени ја веста

05.12.2014 - 11:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега