Шест начини како молчењето може да ви го упропасти животот!

Во 1923 година Ридиард Киплинг се обратил на Кралскиот универзитет Кирург во Лондон. Во тој негов познат говор (што повеќето лекари денеска навистина треба да го прочитаат) Киплинг изјавил:

Зборовите се најсилниот лек кој го користи човештвото. Не само зборовите што мжат да заразат, егозираат, опиваат и парализираат, туку можат да влезат и во најситните клетки во мозокот...

Кипинг ја сватил огромната моќ на зборовите како може да влијае и да го менува умот и телото, исто како дрогата.

Во време кога Киплинг зборувал, уште еден лидер бил на пат кон големата моќ. Адолф Хитлер исто така ја сватил моќта на говорот, користејќи хипнотички јазик уверил и ја присвоил цела една култура на омраза, војна и подготвеност да се гледа на друга страна.

Зборовите се мал извор на надеж и оздравување како и уништување и смрт. Безвредните зборови, изговорени пред 1000 години, се уште одзвонуваат во нашите срца и мисли до ден денешен.

Прави го сето она што сакаш да ти го прават тебе.

Овие зборови кои се често припишувани на Исус, се одговорни за потикнување на свеста на небројните милиони.

Зборовите можат да уништат, можат и да излечат.

Неизговорените зборови можат да доведат до јад и бол

Зборовите ја задржуваат свјоата моќ дури и кога остануваат неизговорени. Поради значењето во речениците, тие можат да променат нечиј живот во еден момент, мора да бидат дбро промисени во тоа како комуницирате. Одбивањето да се изразите преку зборовите, може да создаде терет на психата од која има малку утеха.

Вашите неизговорени пораки звонат во својата душа додека се неизразени. Ако таа порака е една од болката, тогаш патите во изолирана беда. Но, зборовите имаат последици, тие стануваат дилема за многумина: Да зборуваме или да не зборуваме?

Треба да научите да зборувате и прозборувате, и тоа да го правите низ зрелост и грижа.

Еве шест причини да прозборите и четири причини зошто мора тоа да го направите:

1. Неизговорените зборови можат да направат мсто за зло и неправда

Додека ги кратите, вие всушност се согласувате со тоа што ви се случува. Кога не се согласувате, и молчите, можете себеси да се прикажете како некој кој се согласува со тоа. Кога другите работат криво, а вие не сакате ништо да речете, вас ќе ве обвинат дека сте соучесник со злосторот. Кога сте оној кој малтретирате, вие се злоставувате самите себе така што не сакате да проговорите. Небројните милион луѓе допуштаат да ги користат или искористуваат на еден или друг начин.

2. Неизговорените зборови предизвикуваат гноење на старите рани

Старите рани гнојат кога се чуваат во себе, а зборовите се возило кое ги превезува од вашиот ум и тело. Задржувајќи ги своите чувства внатре тоеа е всушност заробување во вашето тело. Зборовите се можеби најдобриот начин да ги изразите своите чувства, ставајќи поток во друштвената свест, така што можат да бидат разврзани и со нив да може да се работи.

3. Останете тивки: Едносмерна карта за осаменост

Зборовите овозможуваат поврзување како ништо друго. Кога ќе ги ускратите, вие одбивате да им допуштите на другите да ви дадат прилика дека се согласуваат, не се согласуваат, поддржуваат или се ограадуваат од тебе. Може мислите дека е подобро да не ризикувате несогласување со другите, што би предизвикале да тие се повлечат или да ве отфрлат. Но, ако сте го намалиле ризикот од одбивање, морате да ја елиминирате можноста да бидете прифатени. Крајниот резултат е осаменост. Никој не знае кој сте.

4. Молкот ве држи заробен во лошите ситуации

Многумина патат од лошите постапки кон нив, само затоа што тие не сакаат да проговорат. Многу често, кога некој зне дека сте незадоволни, тој или таа ќе ја променат околноста, така што ќе можете да здивнете. Тоа не е секогаш случај, но, ако никогаш не проговорите, никогаш нема да знаете.

5. Неизговорените зборови создаваат емоционална оддалеченост

Ако се чувствувате лошо кон другото лице, и не и го давате тоа до знаење, веројатно ќе ги задржите своите болни чувства и ќе почнете да се однесувате поинаку кон другите. Вашите постапки ќе го издадат вашиот мок, се разбира, и евентуално ќе ве доведат до пасивно агресивно однесување од ваша страна.

6. Молкот може да биде себичен

Во текот на разговорот, не отоворањето може да делува егоистично и себично. Се разбира може имате лоши искуства бидејќи сте говореле во еден пресуден момент. Дури и да е така, молчењето не е решение, затоа што ве спречува од воздржување со другите кои би сакале да слушнат што има да им кажете.

Четири работи кои ќе мора да ги направите за да го откриете својот единствен глас

Пронаоѓањето на вашиот глас ќе ви го промени животот. Ако не верувате дека имате право или доверба да проговорите кога знаете што би требало, вие ќе патите. Ако сте решиле да ја развиете својата самопочит, тоа ќе го измените низ своите зборови. Учењето на истражување на своите мисли може да вклучи:

1. Храброст: Потребно е време за да го пронајдете својот глас, а храброста е гориво со кое ќе мора да го одржувате својот говор. Се разбира кога ќе почнете да ги бирате наградите кои вашиот единстве глас ги има за понуда, повеќе нема да ви треба храброст. Говорењето ќе ви биде очигледен избор.

2. Добрите комуникациски вештини: Научете како да ги поставите своите зборови низ поврзаност, симпатија и јаснотија.

3. Ослободувањето на старите болки: Можеби имате недовршена работа од минатото, која влијае на вашиот сегашен живот. Научете да ги ослободите сеќавањата и емооциите кои вас сеуште ве држат, затоа што е нјаважно ослободувањето од самиот себе си. Тоа може да се научи, но ќе ви треба помош.

4. Самоконтрола:
Некои луѓе не проговоруваат, затоа што ако тоа го направат, би можеле да изгубат контрола на своите емоции. Тие не сакаат да летаат во бес, или да потонат во болка и очај кои можеби никогаш нема да заврши. Учењето како да управувате со емоциите, а да не се плашите, е клучот. Тоа бара искуство, образување, и пракса во сигурното опкружување.

Се разбира ако веќе морате да говорите често и знаете како тоа да го направите, но некако се уште одбивате, вашиот молк може да биде саботажа. 

 

 

Оцени ја веста

04.12.2014 - 17:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега