Фејсбук Терминатор Металика - вака не смеете да го крстите вашето дете!

Ако некогаш сте помислиле дека вашето име не е убаво, прочитајте го ова.

Ако не познавате некои личности што се викаат Каменко, Разменка, Каранфил, Лимонка, Дукадинка, Онуфриј, Џани Версаче, сигурно сте слушнале за нив. За среќа, во Македонија нема законска мерка со која се ограничуваат чудните имиња. Но, затоа пак, има држави каде што тоа едноставно е забрането.

На пример, во Португалија името Том не е дозволено да се запише во изводот за раѓање. Родителите добиваат сугестија дека многу посоодветно е Томас, објавува британски "Мирор".

Во Саудиска Арабија, пак, има долг список со имиња кои се забранети. Меѓу нив се западните: Елејн, Линда Алис или Алиса, или имиња поврзани со кралското семејство, како Принс, на пример.

Во мексиканската држава Сонора, пак, децата не можат да бидат именувани Фејсбук, Терминатор или Џејмс Бонд. Во оваа држава детето не смее да се вика Робокоп, Трафик, Лејди Ди, иако Дајана е дозволено. Најголем впечаток остава името Сиркумсижан (Circumcision), што во превод на македонски значи "обрежување". Кога се работи за ова име, се поставува прашање која е причината што родителите ги натерала да го крстат детето така.

Во Кина властите не дозволија на двајца родители да крсти детето Ван @. Симболот "@" (мајмунче или ет), кој на кинески се изговара "ај-та", е близок до "сакај го".

Родители од Шведска, пак, сакале нивното дете да се вели Металика, по името на познатиот рок-бенд, но властите не дозволиле.

 

 

Оцени ја веста

04.12.2014 - 10:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега