Негативниот ефект на 10 лименки Кока Кола во еден ден

 

50-годишниот Џорџ Приор од Лос Анџелес одлучил да направи експеримент со тоа што на ден ќе пие по 10 лименки Кока Кола на ден за да види како тоа ќе влијае на неговиот организам.

Тој се здебелил речиси 13 кг, а крвниот притисок му скокнал до најопасниот 145/96.Покрај тоа, тој почувствувал силна желба да јаде слатко, иако примал по 350 грама шеќер на ден од колата, пишува британскиот весник “Телеграф”.

Џорџ водел видео дневник за време на експериментот. “Го почнав овој експеримент, за да ги натерам луѓето да се замислат колку шеќер консумираат и колку нездрав е тој. Луѓето треба да знаат колку многу штетен е шеќерот за нивното здравје”, вели тој во еден од дневниците.”Навистина не би го повторил овој обид. Не ми се допаѓа да сум толку дебел”, вели Џорџ во крајот на експериментот.

Претходно оваа година Светската здравствена организација ги советуваше на луѓето да го намалат за половина количеството на шеќер што го консумираат секој ден.

 

 

Оцени ја веста

03.12.2014 - 11:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега