Се огласи Калиопи - ќе се мажи ли повторно?

Македонската дива Калиопи пред скоро четири години се разведе по втор пат. Од вториот брак со познатиот актер Васил Зафирчев немаше деца, а во првиот брак со композиторот Ромео Грил го има 22 годишниот Пако.

Горда сум на својот однос со синот и мислам дека не постои поблиска и подлабока врска од таа која ние ја имаме. Тој е самостоен и живее во Швајцарија. Се гледаме, летоска беше кај мене и ме научи на многу работи. вели таа.

Калиопи додава дека и е убаво во слободата.

- Многу ми е убаво, уживам во емоционалната слобода и духовниот мир. За трет брак не ни размислувам, Оваа состојба има многу предности, бидејќи сум си свртена пред се себеси, што не беше случај ни во првиот ни во вториот брак. Денеска се грижам за својот изглед и дух, вежбам и се трудам да живеам што поздраво. Во браковите заборавав дека сум жена, нежна и чувствителна, онаа која треба да биде женствена и дотерана, да се сака себеси и како таква да ги сака другите, вели таа.

Вистина. 

 

 

Оцени ја веста

03.12.2014 - 10:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега