Повеќе од три милијарди луѓе во светот користат интернет.

 

- Три милијарди луѓе во светот моментно користат интернет, а Данска е земја со најбрза стапка на раст на нови корисници по глава на жител, се наведува во извештајот на ОН.

Меѓународната телекомуникациска унија (ИТУ) при ОН, која изработува годишен извештај за телекомуникациите, подготвила список на земји кои имаат најголем број интернет корсиници по глава на жител, како и држави во кои интернетот најбрзо се шири.

Кога станува збор за бројот на ИП адреси по глава на жител, Данска се наоѓа на прво место, Јужна Кореја е втора, а следуваат земјите од Западна Европа. Постојан раст на интернет корисниците е забележан во Обединетите Арапски Емирати, Фиџи и Тајланд.

До крајот на оваа година околу седум милијарди луѓе ќе користат мобилен интернет, што е всушност еквивалентно на бројот на луѓето во цел свет. Иако мобилниот интернет е од клучно значење за оние кои живеат во рурални и неразвиени подрачја, голем дел од овие седум милијарди се корисници кои имаат повеќе профили и живеат во економско силни општества.

Глобалното користење на интернетот во 2014 година се зголеми за 6,6 отсто и тоа главно благодарејќи на корисниците од неразвиените земји. Во последните пет години овој број е двојно зголемен.

Од 4,3 милијарди луѓе без интернет, 90 проценти живеат во неразвиени земји.

 

 

Оцени ја веста

03.12.2014 - 09:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега