Предвидувањето на Тесла - ова нема да им се допадне на мажите

Во 1924 година Тесла дал едно, за тоа време многу контроверзно интервју кое нема да им се допадне на мажите. 

Новинарите на „Галвестион Дејли Њуз“ го прашале дали неговата интелигенција открила некои фатални недостатоци во институцијата брак, кои не се очигледни за „обичниот човек“ а Тесла на ова одгворил дека никогаш нема да се ожени.

-Отсекогаш верував дека жената поседува деликатни и суптилни квалитети на умот и на душата, која поради тие аспекти е подобра и посупериорна од мажите. Ја ставав жената на пиедестал, и во тие карактеристики ја ценев далеку повеќе од мажите. И' се воодушевував на ова суштество кое го дигнав толку високо, и како вистински обожавател, се чувствував недоволно вредно за предметот на сопственото обожување, објаснил Тесла.

-Но, сето тоа е минато. Сега, оваа жена, нежниот глас кој го обожавав исчезна. На нејзино место дојде жена која мисли дека главниот успех во животот е да биде повеќе како мажот во облекување, однесување, во спортот и достигнувањата од било кој вид, вели тој.

Тесла изјавил дека жените, стануваат посилни од мажите, и физички и ментално. Светот искусил многу трагедии но најголемата трагедија, смета тој е актуелната економска ситуација на жените против мажите. Во многу случаи тие успеваат да го узурпираат нивното место и во професиите и во индустријата. Оваа растечка тенденција на жените да ја засенат машкоста е знак на цивилизација во пропаѓање, додава тој.

Во текот на интервјуто Тесла предвидел мрачна иднина поради новосоздадената положба на жените.

-Изгледа мажот во човечкото општество стана бескористен. Нашата цивилизација ќе потони во една состојба која се гледа како пчела, мраква и други инсекти, состојба во која мажот сурово убива. Во овој материјален свет ќе биде воспоставено владеењето на жените. Како што жените ќе ја преземаат доминацијата, така мажите ќе се најдат во нејзината милост и немилост, додал тој.

 

 

Оцени ја веста

02.12.2014 - 15:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега