Зошто дуваме свеќички за роденден?

Дувањето свеќички за роденден е интересна традиција која со векови се почитува, но дали сте знаеле зошто се дуваат свеќички на роденденската торта?

Славењето родендени е традиција која датира од древниот Египет а на церемонијата Римјаните свеченоста ја славеле со торти и колачи. Грците правеле округла торта што ја симболизирала месечината.

Свеќичките први почнале да се користат во Германија во доцниот 18-ти век. Наводно, богатиот Гроф за неговата гала роденденска забава, ги изненадил гостите со голема округла торта со свеќички кои ја симболизираат светлината на животот.

Дувањето на свеќите, со замислување на желба која е испратена директно до Бога, а многу важно е сите во истовремено да се изгасат за пораката да се пренесе одеднаш и да биде експресно  исполнета.

Следниот пат кога ќе дувате свеќички на својата роденденска торта, ќе знаете од каде потекнува и што означува оваа традиција.

Извор: Курир

 

 

Оцени ја веста

02.12.2014 - 11:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега