Марија прегазена од два автомобили додека поминувала улица

Најпрво според неофицијалните информации од Нови Сад, девојката била застрелана со огнено оружје во автомобилот, а потоа фрлена на коловозот.

Очевидци тврдеа дека “прво се слушнало пукање, по што телото на девојката изненадно се појавило на десната коловозна лента“.

Меѓутоа, според најновите информации, девојката била прегазена од теренско возило. Таа е исфрлена и паднала на улица, по што налетало такси возило и поминало преку неа. Таксистот веднаш застанал и се обидел да помогне, меѓутоа за жал било прекасно.

Марија М. (28) од Нови Сад го изгуби животот додека ја претрчувала улицата.

Младата келнерка, која како што пишуваат српските медиуми е мајка на мало дете, работела дневна смена во кафеаната. Според сознанијата, во еден момент го напуштила локалот и тргнала да купи цигари, преку Сомборскиот булевар каде се наоѓа пешачки премин.

 

 

Оцени ја веста

02.12.2014 - 00:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега