Сакав да се фрлам од мост- исповед на еден заболен од Хив

Дознав случајно дека сум ХИВ позитивен. Правев некои други тестови кога докторите ми соопштија дека нешто не е во ред и дека треба да направам тест за ХИВ. Се надевав на најдоброто, тоа на мене неможе да ми се случи. Сите тоа го мислат. Се излажав. И тогаш само стигна веста. Се чувстував ужасно, не знаев што со животот. Цел месец не можев да го прифатам. Дури размислував да се фрлам од некој мост, малку фалеше...со овие зборови Владо од Србија ја започна својата тешка приказна.

- Местото во кое живеам е многу мало и ги познавам луѓето. Знам како би реагирале и затоа молчам. Дискриминацијата е огромна, а најмногу од оние кои би требало да имаат најмногу разбирање - од медицинските лица. Медицинска сестра во домот за здравје им го покажа мојот картон на родителите и им соопшти дека сум ХИВ позитивен. Немаше право тоа да го направи. Јас сакав да им кажам кога ќе бидам подготвен, признал Владо.

Веднаш потоа следувало разочарување, отфрлање, милион прашања, грижа како ќе продолжи животот бидејќи неговиот брат имал мала ќерќичка. Владо признал дека луѓето биле исплашеи од него, бегале и дека многу тешко го прифатиле. На пријателите им кажал. Дел го прифатиле, дел го отфрлиле. Партнерот исто така знае, но на познаниците не им кажува бидејќи не сака да се жигосува. Кој не е е во ова не знае какви се проблемите, раскажува Владо за Ало.рс, додавајки дека најтешко му било кога на Стоматолошкиот факултет на неговиот картон видела дека со црвени големи букви било напишано ХИВ позитивен.

-Не знам зошто го направија тоа, немаше потреба. Од кога дознав за мојата болест многу сум одговорен. Ги предупредувам луѓето кога ќе увидам дека е ризично. Единствено од што се плашам е недостатокот од тестери и лекови. Тоа за нас кои живееме со ХИВ е најлошо. Со време учиш да живееш со себе, но и со околината. Решив дека мора да се борам и да продолжам да живеам, а најголема поддршка најдов во луѓето кои исто така живеат со ХИВ, а не има многу., завршува соговорникот.

 

 

 

Оцени ја веста

01.12.2014 - 15:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега