Гога Секулиќ: Уште ги отплаќам долговите на покојниот сопруг

37-годишната Гога Секулиќ  и по година дена од смртта на својот сопруг Игор Рамовиќ  од рак на пакреасот води битка со долговите.

-По смртта на Игор останав сосема сама. И ден денес, кога годишнина од неговата смрт одамна е помината, ги плаќам долговите што остнаа од неговото лекување. Ние одевме кај најдобрите светски лекари и се обидовме се да направиме да го спасиме, но не успеавме. Сите сметки од болницата ги презедов на себе - рече пејачката.

Таа вели дека не сака да кука, туку да покаже колку е силна.

- -Не се жалам. Знам дека другите се хранат од тоа. Како да ви кажам, ако изгледам убаво, луѓето ќе речат: „Види ја, го заборавила покојниот сопруг“, а ако сум тажна, тогаш ќе кажеме „Само кука“. Со семејството на Игор го прекинав секој контакст, а со сврквата се гледам само на суд. Секој ден одев на гробот и засекогаш ќе го сакам, но од патењето нема фајде - рекла Гога.

 

 

Оцени ја веста

01.12.2014 - 14:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега