Плевнелиев: Бугарија да ги исполни обврските и да не го намалува буџетот за одбрана

 

 

Претседателот на Бугарија и командант на вооружените сили на земјата Росен Плевнелиев ги повика денеска владата и парламентот повеќе да не го намалуваат буџетот за одбрана и да ги исполнат обврските преземени на последниот НАТО самит. 

- Ние ветивме на нашите сојузници дека Бугарија повеќе нема да ги намалува трошоците за одбрана, дека ќе останеме на буџетот од 2014 година и дека полека ќе го зголемуваме. Ова е важно, бидејќи безбедноста во соседството е значително променета, изјави бугарскиот претседател на церемонијата за одбележување на 123-годишнината на Воено-медицинската академија, јави БТА.

 

На прашањето дали ќе бара зголемување на буџетот за одбрана во расправата во парламентот, Плевнелиев одговори дека ќе бара само Бугарија да ги исполни дадените ветувања. 

 

Тој нагласи дека институциите треба да градат доверба во бугарската држава и кога ќе се даде ветување тоа да се исполни. 

- Ние не сакаме повеќе пари, јасно се обврзавме дека нема да го намалиме буџетот, нагласи Плевнелиев.

 

 

Оцени ја веста

01.12.2014 - 13:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега