„Данас“: Можно е Тачи да остане премиер на Косово

 

 

Составот на новата косовска Влада ќе најверојатно биде познат по седницата на Советот за безбедност на ОН посветена на Косово, закажана за 4 декември, и не е исклучено премиерската функција во неа да ја задржи актуелниот премиер Хашим Тачи, објави белградскиот весник „Данас“.  

Потпишувањето на коалицискиот договор меѓу Демократската партија на Косово (ПДК) на Тачи и Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) на Иса Мистафа беше најавено за изминатиов викенд, но засега нема информации дека претставници на двете партии ставиле потпис на таков документ.

Според неофицијални партиски извори, досега се договорени „90 проценти од работите“ и останува само да се додефинира програмата за работа на новата влада.

Иако, првично беше најавно дека нов косовски премиер ќе биде Мустафа, а дека Тачи ќе стане претседател на Косово по истекот на мандатот на актуелчната претсдателка Атифете Јахјага во 2016 година, сепак некои аналитичари во Приштина, не ја исклучуваат можноста Тачи да остане на чело на владата, а Мустафа да биде избран за претседавач на косовското Собрание.  

Конститутивната седница на новото Собрание на Косово е закажано за 8 декември и дотогаш се очекува да биде утврден и составот на владиниот кабинет, оценуваат аналитичарите, нагласувајќи дека откако ПДК и ЛДК ќе ги поделат министерските ресори меѓу себе, тогаш ќе им понудат места во владата и на партиите на малцинските заедници.   

Очигледно е дека Тачи со одлоговелкување на преговорите успеа не само да ги искара партиите од опозициската коалиција, туку и да доведе до судири во рамките на ЛДК, чие раководство до неодамна беше цврсто против останувањето на актуелниот премиер на таа функција, наведува „Данас“

 

 

Оцени ја веста

01.12.2014 - 09:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега