Мехмети: Само Албанците ги интересираат евроинтеграциите на Македонија

 

Пратеничката на ДУИ, Ермира Мехмети преку својот facebook профил испрати порака дека единствено Албанците се заинтересриани за евроинтеграциите на Македонија.
“Некој протестира за црквата, а некој за забраната на абортусот. И додека народот има доста со што да се занимава – или се за црквата или против неа, или се за забрана на абортусот или за правото на избор, никој повеќе не се занимава со јунскиот самит на ЕУ или пак со прашањето околу името! Уште еднаш се докажува дека единствено Албанците остануваат искрено заинтересирани за интеграциските перспективи на земјата – напиша Мехмети на Фејсбук.

најчитано сега