Десет македонски компании ќе се натпреваруваат за Европските бизнис награди

Македонските компании СЕЕД Македонија, Кодвел Анлимитед, Комфи-Ангел,  Дајнерс клуб Македонија, Дуна компјутери, Ај-воут, Макстил, Порше  Македонија, Прилепска пиварница и ПЗУ Ремедика се прогласени за  национални шампиони и претставници на Македонија на Европските бинис  награди.

Националните шампиони од Македонија за Европските бизнис награди се  избрани во неколку категории, претприемништво, увоз/извоз, грижа  за потрошувачите, иновации, корпоративна одржливост, работодавач на  годината и бизнис на годината.

Сите македонски шампиони во следната фаза ќе се натпреваруваат во  нивната категорија со компании од цела Европа.  Гласањето за национален шампион ќе почне од 6 јануари 2015 година кога ќе бидат достапни видеата на интернет страницата на Европските бизнис награди. 

Европските бизнис награди се спроведуваат по осми пат, а оваа година  учествуваа над 24 илјади бизниси од 33 европски земји.

Извршниот директор на Европските бизнис награди Адриан Трип смета  дека наградите им помагаат на компаниите да добијат поголема видливот на  меѓународниот пазар, но и да направат нови бизнис контакти.

- Наградата носи инвеститори и луѓе кои се заинтересирани да работат со  победниците. Воедно, преку програмата учесниците самите се оценуваат и  сфаќаат кои се нивните предности и што ги прави успешни, а на што  треба да работат во иднина, изјави Трип.

 

 

Оцени ја веста

27.11.2014 - 15:28

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега