Трипуновски: На моја иницијатива денес АД Водостопанство изврши зафат на Злетовска Река
Дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денес е во работна посета на општина Чешиново-Облешево.
Трипуновски информираше дека на негова иницијатива АД Водостопанство денес работеше на земјен зафат за зафаќање на водите од Злетовска Река.
- По барање на земјоделците од овој регион се заангажирав и земав активно учество во иницирање на АД Водостопанство да започне со работа на Злетовска Река се со цел насочување на водата кон полињата за сеење на ориз и истата да стигне до земјоделците кои нестрпливо ја очекуваа за старт на новата реколта. - изјави Трипуновски.
Добро познато е дека водоснабдувањето беше еден од најголемите проблеми на македонските земјоделци изминатиов период па со таа цел Трипуновски активно е вклучен во почетокот на работата на АД Водостопанство.
- Одговорно е да сме присутни од самиот почеток на активностите се со цел македонските земјоделци навремено да ја добијат неопходната вода за наводнување. Ние секогаш сме вистинскиот партнер на македонските земјоделци! - заврши Трипуновски
Трипуновски најави дека ќе биде постојано на терен и будно ќе ги следи состојбите во македонското земјоделство во наредниот период се со цел македонските земјоделци да ги добијат потребните услови кои ги заслужуваат.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа