Нови детали: Затвореник го пронашол безживотното тело во ќелијата во Струга

Затвореник бил пронајден мртов во казнено-поправната установа во Струга каде што ја издржувал својата казна.

Како што потврдуваат од Секторот за внатрешни работи од Охрид,  телото на 36-годишниот битолчанец  доцна синоќа го забележал еден од затворениците во оваа установа, по што веднаш ја алармирал чуварската служба. Лекарската екипа која дошла не можела да направи ништо освен само да ја констатира смртта. 

Според првичните информации, нема траги на насилство врз починатиот затвореник, но точните причини за неговата смрт ќе бидат соопштени по обдукцијата, во текот на денешниот ден.

 

 

Оцени ја веста

26.11.2014 - 13:11

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега