Крвава драма во Гостивар: Сакале да одбранат соученичка - ученици прободени со нож
Вистинска крвава драма се одвивала во дворот на средното техничко училиште во Гостивар, вчера по претходна вербална расправија помеѓу тројца ученици на 18 и 15 годишна возраст од една страна и 17-годишен соученик од друга страна.
Помеѓу младите момчиња дошло до тепачка во дворот на училиштето, при што 17-годишниот ученик со нож им нанел расекотини на тројцата ученици. Причина за крвавата пресметка била тоа што 17-годишниот ученик сакал физички да нападне нивна соученичка.
Повредените ученици се пренесени во Медицинскиот центар Гостивар каде им се констатирани телесни повреди и им е укажана лекарска помош.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа