Полицијата влезе во Теарце

Утрово во 1 часот по полноќ полицијата спроведе акциска контрола во два угостителски објекти „Виа Дарданија“ во Теарце, сопственост на 27-годишниот Ф.И  од Слатино и „Били 97“ во Добри Дол, сопственост на 45-годишниот Н.Р. од истото село. При контролата во првиот објект биле затекнати две државјанки од Република Албанија, на возраст од 21 и 26 години, кои работеле како келнерки и престојувале споротивно на целта, како и три девојки од нашата земја додека во вториот објект затекнати се две странски државјанки, од Република Албанија и Република Бугарија, на возраст од 20 и 30 години.

Странските државјанки се предадени во Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија за натамошна постапка. 

 

 

Оцени ја веста

26.11.2014 - 12:03

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега