Сопругата на убиецот од Злетово ја повлекла пријавата против него

Поранешната сопруга на Драган Манаилов кој изврши тројно убиство во Злетово, пробиштипско, годинава ја повлекла пријавата за телесна повреда за семејно насилство што ја имала поднесено против својот сопруг, велат за Макфакс од Основниот суд Штип.

„Сопругата го повлекла предлогот за кривично гонење за телесна повреда при семејно насилство, додека во судот во тек е постапка за кривичната пријава за нанесување на тешка телесна повреда, а оштетен е пријателот на неговата сопруга“, изјави Михов.

Во понеделник било закажано рочиште за овој случај. Од Основниот суд во Штип велат дека пресуда за Манаилов немало во овој суд, но немаат информации дали против него имало постапки во околните судови, Кратово или Крива Паланка.

Од Генералштабот на Армијата изјавија дека Манаилов бил психофизички здрав и дека ги имал минато сите тестови.

 

 

Оцени ја веста

26.11.2014 - 10:48

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега