"Три куќи се завиени во црно имаше крв на сите страни" - нови детали за убиството во Злетово

Болната љубомора или сомнежите за неверство најверојатно се причините поради кои професионалниот војник Драганчо Маноилов тргна во крвавиот пир низ Злетово и уби три лица, а потоа си го одзеде животот бесејќи се. Како што пишува ВЕЧЕР, Злетовци се во шок од трикратното убиство. Три куќи се завиени во црно. Роднините и најблиските се собираат, а соселаните разговараат за крвавиот злостор. Велат дека никогаш не би помислиле дека Драганчо е способен да стори вакво нешто.

- Го знам уште од дете. Учител му бев. И на сопругата негова, исто така. Мирно дете беше. Мирен човек. Направи проблем кога го нападна момчето и го претепа, ама па се сомневаше дека тој има нешто со сопругата. Оттогаш се измени, раскажува Горан за ВЕЧЕР.

Утрото го напуштил стражарското место и тргнал кон Злетово. Со себе ја носел и автоматската пушка. Го паркирал автомобил пред куќата на Методиј Димитров, чичко на момчето за кое се сомневал дека е во врска со неговата сопруга. Тогаш се појавила неговата мајка Весна. Не пукал во неа, туку ја удрил со кундакот од пушката по главата. Жената паднала на земја, а тој пак испукал неколку куршуми во воздух. На вратата се појавил Методиј, а Драганчо ладнокрвно испукал неколку куршуми во него. Не влегол во куќата за да го бара момчето туку со автомобилот како ништо да не се случило и тргнал кон семејната куќа на Михајлови. Таму била неговата сопруга со двете деца.

Соседот на Методиј, Јордан Насев, бил првиот кој дошол на помош. 

- Слушнав неколку истрели. Излегов надвор и го видов Методија на врата од куќата. Се уште беше жив. Обилно крвареше. До него беше сестра му Весна. И таа повредена, ја удрил со кундакот по главата. Не знаев што се случило и кој ги нападнал. Дојде брзапомош, но веќе беше доцна. Набрзо почина. Внук му уште беше во куќата, се сокрил на горниот кат. Среќа е што Драганчо не влегол внатре по него. Се сомневам дека ќе го оставел да живее, вели Јордан.

Илија и Јана Михајлови седеле на масата и го пиеле утринското кафе кога Драганчо се појавил во собата. Тука била и неговата постара ќерка. Без никакво предупредување почнал да пука во родителите на неговата сопруга. Ги застрелал со повеќе куршуми. Тогаш се појавил братот на сопругата, исто така професионален војник. Безживотните тела на неговите родители биле на подот, но тој успеал да се соземе и тргнал кон Драганчо. Во турканицата успеал да му го земе автоматот од раце. Неговата сопруга и детето останале на горниот кат од семејната куќа.

- Многу беше љубоморен. Дали сопругата го изневерувала, не знам. Мало место е. Можеби стоеле заедно разговарале и веднаш се плетат приказни. Знам само дека неговата постара ќерка гледала што се случува, а сопругата и помалото дете биле на катот. Не тргнал по нив. Многу ги сакаше, се сомневам дека би ги убил, вели сосетката Милка.

По убиството, професионалниот војник се обеси.

ВЕЧЕР

 

 

 

Оцени ја веста

26.11.2014 - 09:52
Фото: 
вечер

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега