Повредени 4 полицајци во сообраќајка пред Тетово - им истрчал човек на автопат

Четири полициски службеници се повредени во тешка сообраќајна несреќа која вечерва се случила на автопатот Тетово Гостивар. Според веќе објавените инфорамции, тие се превезувалесо полициски џип кога во еден момент загубиле контрола рз возилото и се превртиле. Според првичните и неофицијални информации до кои дојде Press24 од полициски извори, полицајците загубиле конторла врз возилото бидејќи се обидувале да избегнат човек кој го претрчувал автопатот. 
За среќа, сите повредени полицајци се надвор од животна опасност. 
Од МВР ја потврдуваат несреќата и велат дека нивни екипи веднаш излегле на терен за да извршат увид.

 

 

Оцени ја веста

25.11.2014 - 22:41

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега